ИМА 900.000 СЛЕДБЕНИЦИ НА ИНСТАГРАМ, А НЕ НИ ПОСТОИ

Лондон, (Метро)

Лил Микела е 19-годишната американско-бразилска трендсетерка, модел и поп-ѕвезда, чиј профил на Инстаграм е преполн со фотографии на коишто позира во модели на „Прада“, „Шанел“ и други славни брендови. Меѓу многуте селфија се истакнуваат оние со други модели и музичари.

Сето тоа ѝ донесе 900.000 следбеници, но вистината е дека таа не ни постои.

Микела е компјутерски генериран киборг и никој не знае кој ја создал.

И оние кои сфатиле дека таа не е човек и натаму коментираат колку ја сакаат и колку добро изгледа во некоја облека (Фото: Инстаграм)

Меѓу нејзините следбеници има и такви кои сфатиле дека таа не е човек, некои се збунети, а на некои воопшто не им е гајле. Тие и натаму коментираат под нејзините фотографии колку ја сакаат и колку добро изгледа во некоја облека.

Микела, исто така, е и активист, па ги поддржува кампањата „Black Lives Matter“ и борбата за правата на транссексуалните личности. Таа тврди дека испратила голем број писма во американскиот Конгрес во знак на поддршка на транс-заедницата.

Како и повеќето инстаграмџии, и Лил Микела сака да изгледа кул и префинето, за што на располагање има голем избор на филтри.