ЈАПОНЦИТЕ СОЗДАЛЕ ПАПУЧИ СО ТРКАЛЦА ШТО САМИ СЕ ПАРКИРААТ

Токио, (Ројтерс)
Nissan Motor's self-parking slipper is seen in this handout photo which was released on January 25, 2018, in Japan. Nissan Motor/Handout via REUTERS

Во Јапонија, каде што старите традиции постојано се заменуваат со нови технологии, автоматизираната технологија на возење беше применета и на папучи, што практично можат да се пробаат во еден хотел во Токио.

Компанијата „Нисан“ има развиено систем со кој папучите можат сами да се „паркираат“, односно да се постават до влезната врата на хотелот само со притискање на копче, со што веднаш им се на располагање на гостите.

Секоја папуча има две мали тркалца, мотор и сензори за „возење“ по површината на паркетот во лобито, благодарение на технологијата Пропилот парк“.

Со производството на овие самодвижечки папучи имаме за цел да ја кренеме свеста за автоматизирањето на технологијата“, кажа портпаролот на „Нисан“, Никс Мекфилд.

Многу светски познати брендови се во процес на воведување на што повеќе автоматизирана технологија. „Нисан“ планира до 2020 година да го создаде својот прв самовозечки градски автомобил.