Кајли Џенер инкасира седумцифрена сума секој пат кога постира нешто на социјалните мрежи, објави една аналитичка фирма која следи социјални медиуми.
„Д‘Мари аналитикс“ проценува дека вредноста на објавите на 20-годишната Џенер на социјалните мрежи достигна до еден милион долари. Таа има вкупно 137 милиони следбеници на платформи како Инстаграм, Фејсбук, Снепчет и Твитер.
Овие суми се однесуваат и на објави кои јасно се означени како спонзорски, што на полусестрата на Ким Кардашијан ѝ дава огромна маркетиншка вредност, вели компанијата.
„Кајли, без сомнение, е глобален бренд. Тука зборуваме за суми од кои многумина превртуваат со очи. Реалноста е дека оваа млада претприемачка успеа да оствари влијание и статус во рекламната индустрија каков што голем број професионалци во оваа област можат само да сонуваат“, вели извршниот директор на „Д‘Мари аналитикс“, Френк Спадафора.
Огромното влијание на Џенер најдобро дојде до израз пред два месеца, кога таа со само еден статус на Твитер ја урна вредноста на акциите на Снепчет за 1,5 милијарди долари.
На Џенер одлично ѝ оди и со нејзиниот козметички бренд, кој во првите година и пол остварил продажба од 420 милиони долари.
„Кајли само загребала по површина“, предупреди нејзината мајка и менаџер Крис Џенер.