Замислете да летате со прва класа од Токио до Париз, уживате во ексклузивна вечера и да го шетате градот, а притоа да не се помрднете од место.

Ова не е научна фантастика. Ова е иднината на авионски превоз, според јапонската компанија „Фрст ерлајнс“, која ја искористи моќта на виртуелната реалност за да создава одмори од сништа.

Патниците притоа избегнуваат разноразни маки и уживаат во лет од прва класа и во луксузен престој во Париз, цело време останувајќи сместени во Токио.

Освен Париз, компанијата има и виртуелни понуди за Њујорк, Рим и за Хаваи.

Компанијата нуди и виртуелни понуди за Њујорк, Рим и за Хаваи

Овие двочасовни летови чинат 46 долари за бизнис, односно 56 долари за прва класа.

„На многумина им е тешко да си дозволат патување, бидејќи за тоа требаат и време и пари. Вака, лесно се доаѓа на аеродром и се фаќа лет. За време на летот имате услуга, храна и музика“, вели менаџерот на „Фрст ерлајнс“, Хирокаи Абе.

Менито зависи од дестинацијата што се избира, а по пристигнувањето, гостите добиваат прошетка со симулација од 360 степени.

Заинтересираните можат да си букираат ваков лет онлајн, но до април веќе сѐ е резервирано.