ЛУЃЕ И ХУМАНОИДНИ РОБОТИ ЌЕ СЕ ТРКААТ НА ПОЛУМАРАТОНОТ ВО ПЕКИНГ ВО АПРИЛ

Пекинг, (Дезин)

Хуманоидни роботи се поканети да учествуваат на полумаратонот во Пекинг во април, со што луѓе и роботи со две нозе за првпат ќе се тркаат едни против други.

На трката долга 21 километар ќе настапат над 12.000 луѓе и повеќе од 20 тимови на хуманоидни роботи развиени од производители од целиот свет. Организаторот кажа дека роботите мора да имаат човечки изглед, да бидат високи меѓу пола метар и два метра и не смеат да користат тркала при трчањето.

На настанот се поканети роботи создадени од национални и меѓународни организации, истражувачки центри, универзитети и од клубови за роботика.

Организаторите велат дека ова ќе бида првата трка на долга дистанца на која ќе се натпреваруваат луѓе и хуманоидни роботи.

Минатиот октомври, хуманоидниот робот Тијангонг (фото) ги трчаше последните 100 метри од полумаратонска трка во Пекинг како мотивација за останатите тркачи и доби медал откако ја помина целната линија.