ЛУЃЕТО ПОМИНУВААТ ПЕТ ЧАСА НА ДЕН НА СВОИТЕ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Луѓето поминуваат во просек четири часа и 48 минути на ден на своите мобилни телефони, вели фирмата за следење апликации „Еп Ени“, што е пораст од 30% во споредба со 2019. Минатата година, апликациите биле даунлодирани 230 милијарди пати, при што биле потрошени 170 милијарди долари.

На светско ниво, најмногу се даунлодирала апликацијата ТикТок, на која корисниците поминувале 90% повеќе време во споредба со 2020.

„Големиот екран полека умира додека мобилните телефони продолжуваат да уриваат рекорди во сите категории – поминато време, даунлодирање и приходи“, изјави извршниот шеф на „Еп Ени“, Тиодор Кранц.

Фирмата предвидува дека во втората половина на годината ТикТок ќе надмине 1,5 милијарди активни месечни корисници.

Во истражувањето биле вклучени десет големи пазари, при што во Бразил, Индонезија и Јужна Кореја луѓето поминувале и повеќе од пет часа на ден на мобилните апликации.

Во 2021 биле лансирани два милиона нови апликации и видеоигри, а бројот на апликациите кои заработиле над 100 милиони долари пораснал за 20%. На мобилните видеоигри биле потрошени 116 милијарди долари, а на апликациите за запознавање над четири милијарди долари.