Илон Маск изјави дека „Тесла“ од следната година ќе произведува и користи хуманоидни роботи. Маск кажа дека роботите прво ќе се користат во погоните на компанијата, која ќе почне да ги произведува за продажба во 2026 година.
Шефот на „Тесла“ претходно кажа дека очекува роботот наречен „Оптимус“ да биде спремен за употреба во фабриките на фирмата до крајот на оваа година. Други компании како „Хонда“ и „Бостон роботикс’ исто така развиваат свои хуманоидни роботи.
Според Маск, цената на еден робот би била околу 30.000 долари.
Маск е познат по амбициозните крајни рокови кои потоа не се остваруваат. Претходно најави дека ќе го промовира долгоочекуваното роботакси на 8 август, но минатата недела потврди дека настанот ќе биде одложен, без да даде нов датум кога ќе се одржи.
(Фото: Гети)