МЕСЕЧИНАТА ЌЕ БИДЕ ПОКРИЕНА СО 4Г МОБИЛНА МРЕЖА

Берлин, (Телеграф)

Месечината ќе добие 4Г мобилна мрежа следната година, што заеднички планираат да го изведат „Водафон“ и „Нокиа“.

Мисијата, организирана од компанијата за вселенско истражување „ПТ сајентистс“, треба да биде прво приватно финансирано слетување на Месечината.

Јарболите на „Нокиа“ ќе бидат испратени преку СпејсЕкс ракетата во 2019 година од Кејп Канаверал, Флорида.

Мрежата ќе им овозможи на лунарните истражувачки возила на „Ауди“ да комуницираат меѓусебе, како и со базна станица.

4Г сигналот, што ќе го обезбеди „Водафон“, ќе овозможи и видео-стриминг во висока дефиниција од површината на Месечината.

Овој проект претставува радикално иновативен пристап во развојот на мобилната инфраструктура“, вели извршниот директор на германски „Водафон“, Ханес Аметсрајтер.