НАУЧНИЦИ СОЗДАДОА ВЕШТАЧКА КОЖА ЗА ДА МОЖАТ РОБОТИТЕ ДА „ЧУВСТВУВААТ“

Лондон, (Мирор)

Научници во САД создадоа вештачка кожа за роботи и сметаат дека таа може да стане тренд за сите роботи во иднина. Овој нов изум им овозможува на роботите налик на човек да имаат допирни сетила и со тоа да покажат подобри резултати во вршењето на нивните функции.

Главната идеја е машината да биде во состојба да „почувствува“ кога прави нешто неправилно и автоматски да ја исправи техниката.

Тимот на инженери од Универзитетот на Вашингтон кожата ја креираше од истата силиконска гума која што се користи за наочарите за пливање и во неа ставија многу тенки жици, колку влакно од коса. Низ секој од овие тенки канали поминува течниот метал кој пренесува енергија и е одржлив и не се расипува како другите видови метали.

Притоа, оваа иновативна технологија им овозможува на роботите да препознаат вибрации и притисок така како што „кожата“ се оптега низ сензорите.

Еден од главните автори на студијата, Џонатан Поснер рече дека креираната кожата има ниво на чувстивтелност и прецизност која е речиси иста на човечките раце.

„Ако роботот во иднина би ракувал со медицински инструмент, треба да знае ако тој инструмент му падне од рака, дека веќе не го држи“, вели тој. „Исто така кога тој би демонтирал експлозивен уред, треба да знае дали со раката фаќа жица и дали ја тегне или не“, додава Поснер.