НОВАТА АПЛИКАЦИЈА МОЈОТ ПРЕДМЕТ Е КАКО ТИНДЕР ЗА МУЗЕЈСКИ ПОСТАВКИ

Берлин, (ДПА)
FILED - Perfect match! You and this centuries-old hand-washing artefact have hit it off. Museums in Germany are experimenting with a Tinder-style app. Photo: Uli Deck/dpa

Сè започна со совршено совпаѓање на апликацијата. Потоа разговаравме и работите сами кликнаа.

Не зборуваме за запознавање преку интернет, туку за нова апликација за музејски изложби изработена по примерот на апликацијата за онлајн запознавање, Тиндер, но со помалку романтично име: Мојот предмет (My Object). Идејата е едноставна: влегувате во музејот, ја симнувате апликацијата на вашиот телефон и ги листате експонатите. Од изложените уметнички дела, ги избирате вашите фаворити.

„Делата што не ве интересираат можете да ги отфрлите како на Тиндер. Во принцип, тоа е како Тиндер за предметите во музејот“, вели Екарт Кене, директор на музејот „Бадишес“ во германскиот град Карлсруе.

Ако „Мојот предмет“ ви каже дека има „совршено совпаѓање“, тогаш започнува интерактивен дијалог еден на еден со изложбата.

„Како на Тиндер, ова не е еднонасочна улица. Двете страни треба да бидат заинтересирани. Дијалозите со уметноста даваат многу повеќе податоци од сувопарните информативни табли“, вели Јоханес Бернхард, менаџер за дигитализација во музејот.