НАСА ги објави најновите фотографии од Јупитер, што ги сними вселенското летало „Џуно“, кои нудат прекрасен поглед на синото небо на гасниот гигант.
„Џуно“ прави голем број фотографии на секои 53 дена, како што кружи околу Јупитер.
Истражувачите на НАСА објавија првични слики на Интернет минатиот месец, што предизвика неколку луѓе да ги обработат, по што дојдоа до израз живописните предели на планетата. Меѓу нив беа и самопрогласените научници-аматери Гералд Ајхштат и Шон Доран.
Нивните подобрени фотографии го покажаа сето шаренило на Јупитер, но, како што велат, тој воопшто не е пријателски настроена планета.
„Колку и да изгледа убаво, ако му дојдете преблизу, тоа е вашиот крај“, вели Доран.