ОСНОВАЧОТ НА „АМАЗОН“ ЏЕФ БЕЗОС ТУКУШТО СТАНА НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК ВО ИСТОРИЈАТА

Вашингтон, (Сан)

Џеф Безос (53), основачот и извршен директор на „Амазон“, тукушто стана најбогатиот човек во историјата.

Неговото богатство сега се проценува на 105 милијарди долари, со што стана само втор човек кој успеал да ја достигне границата од 12 цифри. Тоа го оствари и Бил Гејтс во 1999 година, но оттогаш, тој има донирано 60 милијарди долари за хуманитарни цели, па сега тежи 93,3 милијарди.

КОЈ Е ЏЕФ БЕЗОС?

  • Студираше електричен инженеринг и компјутерски науки на универзитетот Принстон, пред да се вработи на Вол стрит.
  • Во 1994 година, го покрена „Амазон“ во гаража, а пет години подоцна, магазинот „Тајм“ го прогласи за личност на годината.
  • Во 1998 година за првпат се појави на листата на најбогати луѓе на „Форбс“.
  • На 27 јули минатата година, за првпат, на кратко, ја презеде титулата најбогат човек на светот.
  • За две години, неговото богатство порасна за 50 милијарди, повеќе од бруто домашниот производ на Исланд, Белизе и Монако за истиот период.
  • Тој е основач и на компанијата „Блу ориџин“, која развива комерцијални летови во вселената.
  • Сопственик е на весникот „Вашингтон пост“ и волонтира како пожарникар.
  • Голем фан е на „Ѕвездени патеки“ и се појави во мала улога во последниот филм.
  • Од 1993 година е во брак со писателката Мекензи Безос и имаат четири деца.