Весникот „Њујорк Тајмс“ откажа јавен настан со актерот Џејмс Франко, неколку дена откако добитникот на Златен глобус беше обвинет за сексуално вознемирување.

Настанот требаше да го претстави филмот „Катастрофалниот уметник“, кој е режиран од Франко и во којшто глумат тој и неговиот брат Дејв. „Тајмс“ соопшти дека со оглед на контроверзите околу неодамнешните обвинувања, одлучиле да го откажат настанот.

Обвинувањата кон Франко неодамна дојдоа од актерката Вајолет Палеј и режисерката Сара Титер-Каплан. Франко не ги коментираше обвинувањата, исто како и неговиот публицист.

Гостувајќи на „Си-Би-Ес“ во шоуто на Стивен Колберт, тој го праша Франко за обвинувањата.

„Работите за коишто слушнав дека ги има на Твитер не се точни, но ги поддржувам луѓето да излезат јавно и да се чуе нивниот глас“, кажа Франко.

На прашањето на Колберт како да се дојде до вистината за да може да има помирување помеѓу двајца кои различно гледаат на нештата, Франко кажа дека ако направил нешто лошо, ќе го поправи.