Во Пекинг, вагоните на подземните возови се трансформираат во библиотеки за аудиокниги. Насекаде стојат слики на кинески книги, кои, иако не се вистински книги, имаат изглед што оставаат без здив.
Доколку некој посака да слушне книга, едноставно треба со својот телефон да го скенира кју-ар кодот залепен на разни места низ вагонот, што автоматски го насочува корисникот кон апликација за бесплатно слушање.
Оваа невообичаена иницијатива е, всушност, дел од кампања за промоција на апликацијата за аудиокниги, „Гет“ . Притоа се рекламира натпреварот на апликацијата, кој ги предизвикува корисниците да слушаат аудиокниги седум дена по ред.
Во моментов, низ Пекинг возат две линии на метро со аудиобиблиотеки.