ПОЧИНА ЧАРЛС ГЕШКЕ, ИНОВАТОРОТ КОЈ ГИ РАЗВИ ПДФ И ФОТОШОП

Сан Франциско, (АП)

Чарлс Гешке, еден од основачите на софтверската компанија „Адоуб“, кој помогна да се развие ПДФ технологијата, почина на 81 година.

Откако докторирал, Гешке почнал да работи во истражувачкиот центар на „Зерокс“ во Пало Алто, каде што го запознал Џон Ворнок. Тие ја напуштиле компанијата во 1982 година, за да ја основаат „Адоуб“ и заедно да развиваат софтвер.

„Нивниот прв производ беше Адоуб постскрипт, иновативна технологија која овозможи радикален нов начин на печатење текст и слики на хартија. Водејќи се од голема желба за иновации, Чак потоа создаде некои од најзначајните софтверски пронајдоци, како ПДФ, Акробат, Илустратор и Фотошоп“, изјави извршниот директор на „Адоуб“, Шантану Нарајен.

Во 2009 година, Барак Обама им додели Национален медал за технологија на Гешке и Ворнок.