Лери Теслер, икона на раната компјутерска наука и креатор на некои од најкористените компјутерски команди, почина на 74 години.
Тој почнал да работи во Силициумската Долина во 1960-ите, во време кога компјутерите сѐ уште не биле достапни на мнозинството луѓе. Токму благодарение на неговите иновации, како командите „отсечи“, „копирај“ и „залепи“ (cut, copy, paste), како и „пронајди“ и „замени“ (find, replace), личните компјутери станале далеку поедноставни за користење.
Теслер работел во неколку технолошки фирми во својата кариера, при што 17 години поминал во „Епл“, каде што напредувал до звањето шеф научник.
Тој првпат ја вклучил командата „отсечи/залепи“ во софтверот на „Епл“ во компјутерот „лиза“ во 1983, како и во оригиналниот „мекинтош“, кој излезе следната година. Таа се базирала врз стариот метод на изменување, во кој луѓето физички сечеле делови од отпечатен текст и потоа ги лепеле на друго место.