Објавувањето постојано слики на Фејсбук и Инстаграм е она што најмногу ги нервира луѓето. Ова го покажува истражувањето во кое што биле анкетирани корисници на Фејсбук.

Еве ги 5-те работи кои многумина ги прават а ги нервираат другите:

  1. ПОСТОЈАНО ПОСТИРАЊЕ СЛИКИ

Објавувањето на слики на Фејсбук или Инстаграм ги иритира дури и блиските пријатели. Постирањето премногу фамилијарни слики може да ги отуѓи од вас пријателите и обратно. Затоа задржете некоја фотографија за вас.

  1. ИСТАКНУВАЊЕ ДЕКА СЕ ЗНАЕТЕ СО МНОГУ ЛУЃЕ

Кога потенцирање дека се знаете со многу луѓе и јавни личности, не сте омилени кај вашите соговорници или пријатели. Едно истражување покажа дека колку повеќе истакнувате дека се знаете со одредена личност, толку повеќе ги иритирате другите.

3. КОГА ГИ ПОТЕНЦИРАТЕ ДОБРИТЕ СТРАНИ

Многумина кога одат на интервју за работа, за себе кажуваат ‘многу работам’ или ‘многу сум грижлива’. Студија на универзитетот „Харвард“ покажа дека ваквиот пристап ќе ги намали шансите за вработување. Затоа на интервју треба да се сподели некоја слабост.

4. КРИЕЊЕ ЕМОЦИИ

На група студенти им било емитувано две различни видеа, на кои актерот имал различни емоции. На едното покажувал емоции а на второто не. Студентите едногласно рекле дека кога актерот покажува емоции, многу повеќе им се допаѓа.

5. АКО НЕ СЕ СМЕЕТЕ

На 100 студенти им биле покажани фотографии од луѓе. Истражувањето покажало дека без разлика како се луѓето на фотографиите претставени, на испитаниците им се допаѓале они кои се смеат. Друга пак студија покажува дека смеењето ве прави впачатливи кога ќе се запознавате со некој за прв пат.