„ПРЕЖИВЕАВ 7 ДЕНА ВО НАПУШТЕН ГРАД“ – СЛАВНИОТ ЈУТЈУБЕР МИСТЕР БИСТ СНИМИ ВИДЕО ЗА БИВШОТО ВОЕНО ОДМОРАЛИШТЕ КУПАРИ КАЈ ДУБРОВНИК

Белград, (Н1)

Најпопуларниот светски јутјубер Мистер Бист го објави видеото „Преживеав 7 дена во напуштен град“, во кое се зборува за Купари, некогашно воено одморалиште близу Дубровник, чиј импресивен хотелско-туристички комплекс одамна не работи. Видеото кое трае 17 минути досега е прегледано повеќе од 112 милиони пати.

Купари, сепак, не е напуштено, само така изгледа во зимските месеци. Според пописот од 2021, ова место има 950 жители, а во лето доаѓаат и бројни туристи.

Купари се наоѓа десетина километри од центарот на Дубровник. Во почетокот на 20. век започнала неговата трансформација во туристичка дестинација. Првиот хотел бил изграден во 1920 година од чехословачки бизнисмени, по што уследило уредувањето на плажи, паркови и шеталишта.

Во втората половина на 20. век, Купари беше претворено во одморалиште на тогашната ЈНА. Се изгради голем хотелски комплекс под управа на војската. И Тито имал вила тука, каде што нагостувал државници.

Хотелите „Младост“, „Гранд“, „Горичина 1“, „Горичина 2“, „Купари“ и „Галеб“ можеле да примат околу 2.000 гости. Тие беа разурнати и ограбени за време на војната во Хрватска, а поради нерешени имотно-правни односи стојат напуштени повеќе од две децении.

Фото: Шатерсток