ПРОДАЖБАТА НА ЛАПТОПИ И КОМПЈУТЕРИ ДОЖИВЕА РЕНЕСАНСА ВО ПАНДЕМИЈАТА, НЕДОСТИГ НА ПАЗАРОТ МОЖЕ ДА ТРАЕ ДО 2022

Сан Франциско (Ројтерс)

Светската побарувачка по лаптопи и компјутери во 2020 била толку голема што производителите доцнат неколку месеци со испораките. Експертите од оваа индустрија велат дека ваков интерес за електронски уреди не е виден од дебито на „ајфон“ во 2007 година.

Учењето и работењето од далечина го преврте пазарот на компјутери во пандемијата на коронавирусот, при што ги намали продажбите на смартфони, а го зголеми интересот за поголемите електронски уреди.

„Целиот ланец на снабдување е преоптоварен како никогаш досега“, вели Грег Прендергаст, претседателот на панамериканскиот оддел на „Ејсер“.

Глобалната годишна испорака на лаптопи и компјутери го достигна врвот во 2008 година, кога биле купени околу 300 милиони вакви производи, што неодамна падна на 250 милиони. Малкумина очекуваа дека овој пазар повторно ќе доживее бум. Аналитичарите очекуваат бројката на продадени уреди во 2020 да изнесува 300 милиони, што е пораст од 15% во споредба со претходната година. Продажбата на таблети доживува уште поголем раст.

„Делови како екрани и процесори тешко се добиваат, со што снабдувањето не може да ја следи побарувачката. Вакви проблеми би можеле да траат до 2022“, велат од истражувачката компанија „Каналис“.