СИРИСКИ ДИЗАЈНЕР НАПРАВИ РОБОТ-РАНЕЦ

Токио, (Дезин)

Сирискиот дизајнер Јамен Сараџи креираше робот со две раце, кој може да се носи како ранец.

Сараџи го дизајнирал роботот „Фузија“ за време на студии во Јапонија и вели дека функционира како продолжување на човечкото тело.

„Главата“ на роботот, која е поставена над рамениците, има две камери наместо очи, кои ловат сѐ што се случува во живо. Рацете на роботот имаат две штипки, кои можат да се закачат на човечките раце.

Сараџи верува дека овој изум ќе биде од помош во ситуации кога луѓето даваат инструкции или работат на далечина. Во таков случај, роботот ќе се управува преку апарат за виртуелна реалност.

„Ефективната комуникација е клучен фактор во социјален и професионален контекст, што подразбира споделување на вештини и дејства на повеќе луѓе“, вели дизајнерот.