СЛОВЕНИЈА ГО ДОБИ ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ СУПЕРКОМПЈУТЕРИ НА СВЕТОТ

Љубљана, (СТА)

Премиерот Јанез Јанша го пушти во употреба најголемиот суперкомпјутер во Словенија, во кој биле вложени 17,2 милиони евра. Компјутерот „Вега“, именуван според словенечкиот математичар Јуриј Вега, се наоѓа во Институтот за информатички науки во Марибор и ќе биде достапен за домашните и странските истражувачи, како и за приватниот сектор.

Заснован врз технологија на француската компанија „Атос“, „Вега“ е способен да извршува повеќе од 6,9 милијарди пресметки во секунда, што го прави еден од 50-те најдобри суперкомпјутери на светот.

„‘Вега‘ ја сместува Словенија меѓу светските велесили кога е во прашање компјутерската моќ и ќе им овозможи на словенечките и европските научници да соработуваат на големи меѓународни истражувачки проекти. Тој ќе помогне да се развиваат нови материјали и компоненти и ќе биде поддршка за компаниите“, изјави проректорот на Универзитетот во Марибор, Зоран Рен.