ТИКТОК ГО НАДМИНА ГУГЛ КАКО НАЈПОПУЛАРНА ДЕСТИНАЦИЈА НА ИНТЕРНЕТ

Њујорк, (Би-Би-Си)

ТикТок го надмина Гугл и стана најпопуларната дестинација на интернет. Според компанијата за компјутерска безбедност „Клаудфлер“, кинеската видеоапликација оваа година имала повеќе отворања од американската алатка за пребарување.

ТикТок го симнал Гугл од врвот во февруари, март и јуни и ја држел првата позиција од август наваму. Гугл беше лидер минатата година, кога ТикТок беше меѓу првите десет, покрај Амазон, Епл, Фејсбук, Мајкрософт и Нетфликс.

„Клаудфлер“ вели дека ја користи алатката „Клаудфлер радар“, која го следи интернет сообраќајот.

Се верува дека ковид пандемијата е една од причините за огромната популарност на ТикТок, кога луѓето беа затворени дома и бараа нови начини на забава.

Апликацијата беше лансирана пред само пет години и до јули годинава била даунлодирана повеќе од три милијарди пати. Денес има над една милијарда активни корисници и бројката продолжува да расте,