ТикТок ќе им дозволи на корисниците да објавуваат видеа од најмногу три минути, зголемувајќи ја нивната должина со цел да биде чекор понапред од конкуренцијата.
„Со подолги видеа, креаторите добиваат платно за нови и проширени типови содржини на ТикТок, а повеќе простор ќе им овозможи флексибилност“, изјави менаџерот за производи во компанијата, Дру Кирхоф.
Сегашниот лимит е 60 секунди, а новата опција ќе биде пуштена во наредните недели.
ТикТок е една од најпопуларните апликации на светот, со една милијарди корисници, од кои 100 милиони во САД. Доналд Трамп неуспешно се обиде да ја забрани во САД, бидејќи нејзин сопственик е кинеска компанија.