ВОТСАП ГИ МЕНУВА ПРАВИЛАТА, ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ГЛЕДААТ ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ

Лондон, (Мирор)

Досега Вотсап ги поврзуваше корисниците со помош на нивниот телефонски број или кјуар код што тие можеа да го скенираат за да се поврзат и да испраќаат пораки едни на други. Сега апликацијата работи на уште една опција која би ја зголемила безбедноста на корисниците, но и би го олеснила нивното пронаоѓање и поврзување.

Се работи на развој на кориснички имиња кои корисниците би ги користеле наместо телефонски броеви. Поточно, според моментално достапните податоци, при размена на пораки, корисниците нема да можат да си ги видат телефонските броеви. Откако ќе го изберат своето единствено корисничко име, тие ќе можат да го споделат со други корисници, без да откриваат други лични информации.

Иако сѐ уште не е објавено кога оваа опција би можела да стане достапна, познато е дека еднаш избраното корисничко име нема да биде трајно и корисниците ќе можат да го променат во секое време.

(Фото: Фејсбук)