ЗАКЕРБЕРГ ЛАНСИРА СВОЈА ВЕРЗИЈА НА ТВИТЕР

Њујорк, (Би-Би-Си)

Сопственикот на Фејсбук и Инстаграм, „Мета“, ќе лансира апликација налик на Твитер, која ќе почне со работа в четврток. Наречена Тредс (Threads), апликацијата ќе биде дел од платформата Инстаграм, со што нема да почне од нула, бидејќи автоматски ќе биде поврзана со стотици милиони профили. „Мета“ ја опишува како апликација за разговор заснована врз текст.

Тредс ќе биде бесплатна за користење, а бројот на објавите што корисниците ќе можат да ги видат нема да биде ограничен, што е спротивно на некои новини кои Илон Маск ги воведува на Твитер. Во поглед на дизајнот, Тредс ќе изгледа речиси идентично на Твитер.

Марк Закерберг има историја на позајмување идеи од други компании кои потоа ги прави успешни. Така Рилс се смета за копија на ТикТок, а Сторис наликува на Снепчет.