Мексиканката Андреа Меза стана Мис Универзум на 69. избор, кој беше одложен лани поради ковид пандемијата.
„Мексико, оваа награда е за тебе“, напиша 26-годишната Меза на Инстаграм по победата.
Натпреварот се одржа во Холивуд, а Меза, која има диплома по софтверско инженерство, победи во конкуренција на уште 73 жени.

„Со добивањето на круната за Мис Универзум, ми се оствари сонот. Живееме во општество кое сѐ повеќе напредува, но напредуваме и со стереотипи. Во денешно време, убавината не е само начинот како изгледаме. За мене, убавината е и во нашите срца и во начинот на кој се однесуваме. Никогаш не дозволувајте некој да ви каже дека не сте вредни“, изјави таа.