Објавено е 50. издание на прославениот календар на „Пирели“, чиј куратор беше 28-годишниот уметник од Гана, Принс Гјаси, првиот црнец и прв Африканец кој се нашол во ваква улога.
Календарот за 2024 година ги слави црните луѓе, па меѓу моделите се најдоа актерите Идрис Елба и Анџела Басет, супермоделот Наоми Кембел и Отумфо Осеи Туту Втори, кралот на народот Асанте од Гана.
Гјаси исто така ги фотографираше легендарниот француски фудбалер Марсел Десаи и младата американска поетеса Аманда Горман. Темата на новиот календар е „Безвременско“.
„Сите сетови, сцени и костими беа планирани со месеци. Сите овие луѓе се ликови“, изјави Гјаси.