ПРЕДВРЕМЕ ПРОТЕЧЕ ТРЕЈЛЕРОТ ЗА ДОЛГООЧЕКУВАНАТА ВИДЕОИГРА „ГТА 6“, ИЗЛЕГУВА ВО 2025

Њујорк, (Би-Би-Си)

Трејлерот за долгоочекуваната шеста видеоигра „ГТА“ требаше да биде објавен денеска попладне, но протече синоќа, па компанијата „Рокстар“ немаше избор и го пушти 15 часа порано. Фановите, сепак, ќе мора да почекаат уште некое време за да ја играат, зашто „ГТА 6“ излегува дури во 2025 година.

Малку се знае за приказната, но краткиот трејлер потврдува дека дејството повторно ќе биде сместено во Вајс Сити, а главниот протагонист за првпат ќе биде женско – девојка со име Лусија.

Шестата игра ќе биде продолжение на „ГТА 5“ од 2013, која стана втората најпродавана видеоигра на сите времиња, зад „Мајнкрафт“. Долго време се чека на новата игра и Џејмс Бинс, претседателот на гејмерската медиумска фирма „Нетворк Н“, смета дека тоа се должи на огромниот успех на „ГТА 5“, која се продаде во 190 милиони копии во светот.

Тие потрошија милијарда долари на новата игра и ќе биде од епски размери. Тоа ќе биде најскапата видеоигра некогаш направена“, кажа Бинс.