Јапонецот Арата Исозаки, кој ги спои истокот и западот во своите иновативни дизајни, е добитник на годинашната Прицкерова награда, најпрестижното признание во архитектуратa. Ученик на Кензо Танге, 87-годишниот Исозаки е автор на над 100 објекти, од палатата Сент Жорди во Барселона, изградена за Летните олимписки игри во 1992, до Музејот на современа уметност во Лос Анџелес.

„Неговата архитектура е вистински меѓународна. Исозаки е пионер во сфаќањето дека потребата од архитектура е и глобална и локална, дека тие две сили се дел од еден предизвик“, изјави претседателот на жирито Стивен Бријер.
Исозаки е осми јапонски лауреат на Прицкеровата награда, која важи за Нобелова награда за архитектура. Наградата во вид на бронзен медалјон и 100.000 долари ќе му биде врачена во мај во Париз.
