ПОСЛЕДНАТА СЕЗОНА НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ ЌЕ СЕ СНИМА ЗА 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПО ЕПИЗОДА

Фановите на „Игра на тронови“ нека се подготват за спектакуларно финале на серијата, бидејќи последната сезона ќе биде нешто најскапо во историјата на телевизијата. Осмата сезона ќе има само шест епизоди, но буџетот за секоја од нив ќе изнесува 15 милиони долари, дознава магазинот „Вараети“.

Тоа се неверојатни цифри за телевизиски услови, но не и неочекувани, бидејќи е планирано секоја епизода да биде долга речиси час и половина.
Како што серијата добиваше на популарност, така се зголемувале и трошоците. Во втората сезона, секоја епизода чинела по шест милиони долари, додека буџетот на шестата сезона бил 100 милиони (десет за епизода). Толку, наводно, чинело и снимањето на претходната, седма сезона, но тој бил распределен на само седум епизоди.

ХБО се уште нема објавено кога ќе се емитува седмата сезона, но тоа, најверојатно, ќе биде на пролет 2019 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *