Архитектонските студија „Куалулу Чои“ и „Популус“ ги објавија рендерите на стадионот „Хасан II“ со 115.000 седишта, кој се гради во Мароко за Светското првенство во 2030.
Дизајниран да „стане еден од најголемите стадиони во светот“, стадионот треба да биде изграден во градот Бенслиман, на околу 40 километри од Казабланка.
Планиран да биде домаќин на натпревари за време на претстојното Светско првенство во 2030, тој ќе биде најголемиот фудбалски стадион во светот.
„Стадионот ќе биде значајно место за Мароко и за самиот фудбал, и ќе стане еден од најголемите стадиони во светот“, рече управниот директор на „Популус“ , Кристофер Ли.
Наречен „Гранд Стад Хасан II“ по поранешниот крал на Мароко, стадионот ќе се гради под огромен покрив.
Опкружен со шума, проѕирниот покрив на стадионот ќе биде направен од „уникатна алуминиумска решетка“, подигната на рабовите за да создаде серија монументални влезови во кои ќе бидат сместени ботанички градини.
„На стадионот ќе има антички фигури, музеј, шатор и градината, како и топографијата и пејзажите на Мароко“, рече основачот на студиото „Куалулу“, Тарик Куалулу.
„Тоа е простор отворен за светот и со почит кон природата што ја штити. Стадионот е олицетворение на големата традиција на мароканското гостопримство“, додаде тој.
Стадионот ќе има три нивоа на седишта на секоја од главните трибини. Помеѓу нив, ќе има пет нивоа за ВИП гости.
На секој крај од стадионот, две големи трибини ќе собираат по 29.500 гледачи во едно ниво.
Стадионот е еден од шесте во Мароко кои ќе бидат домаќини на натпревари за време на Светското првенство во 2030.
Заедно со Мароко, Светското првенство ќе се игра на три стадиони во Португалија, 11 во Шпанија и по еден во Уругвај, Парагвај и Аргентина.
Саудиска Арабија неодамна ги откри 15-те стадиони кои ќе бидат домаќини на натпревари за време на Светското првенство во фудбал во 2034.