Данскиот архитект Сигурд Ларсен ја заврши куќарката на дрво во шума во Данска, што ќе биде прва соба од нов хотел на „Левтаг“. Поставена на осум метри од земја, куќарката се наоѓа на данскиот полуостров Алс Оде и е прва од деветте што Ларсен ги дизајнира.
Куќарките ќе бидат распоредени низ шумата и секоја ќе може да прими максимум четири гости.
„Идиличната локација е блиску и до морето и до најдолгиот дански фјорд Маријагер и дава поглед кон планината и зајдисонцето“, велат од студиото.
Дрвен мост води од шумскиот под кон просторот за престој, кој содржи два кревета, кујна, бања и тераса под крошната.
„Со качувањето на покривот имате чувство дека се качувате на дрвото за да стигнете до крошната“, велат од студиото.