Речиси две години по катастрофалната несреќа во која загинаа десетици луѓе, во Џенова следниот месец ќе се отвори нов вијадукт на местото на урнатиот мост Моранди.

„Мостот ‘Свети Георги‘ ќе биде пуштен во промет на 3 август во 18:30 часот“, соопшти градоначалникот на Џенова, Марко Бучи.

Новиот мост кој поминува преку реката Полчевера и е директна врска меѓу Италија и Франција го дизајнираше светски познатиот архитект Ренцо Пијано. Долг 1.067 метри, тој беше изграден за рекордно време, 22 месеца по несреќата. Поставен е на 18 столбови и опремен со соларни панели, што му дава енергетска автономија.

Дел од стариот мост се урна на 14 август 2018 година, при што загинаа 43 луѓе.