ДУБАИ ГРАДИ ОБЛАКОДЕР ВО ФОРМА НА ОТПЕЧАТОК ОД ПРСТ НА ВЛАДЕТЕЛОТ НА ЕМИРАТИ

Дубаи, (Дезин)

Нов облакодер во Дубаи, висок 550 метри, ќе излегува од езеро во форма на отпечаток од прст.

Објектот Бурџ Џумеира се нарекува „нова икона во воздушниот простор на Дубаи“. Дизајниран од студиото „Скидмор, Оуингс и Мерил“ (СОМ), тој ќе се наоѓа во близина на градското крајбрежје. Почна да се гради на 31 јануари и се очекува да биде готов во 2023.

Фото: СОМ

Кружната основа на кулата, според отпечатокот на шеикот Мохамед биб Рашид ал-Мактум, ја формира срцевината на проектот. Таа ќе биде место кадешто ќе се одржуваат општествени, културни и уметнички настани и активности.

Околу езерото со огледала ќе има продавници, фонтани и амфитеатар. Кулата ќе се издигнува на крајот на езерото, а се состои од две поврзани закривени кули, чиј дизајн е инспириран од пустинската топографија. Во кулата ќе има повеќе платформи за набљудување, од кои едната ќе нуди панорамски поглед на Дубаи од 360 степени.

„Бурџ Џумеира е чиста, елегантна и динамична“, вели дизајнерот Мустафа Абадан.