По повеќе од 130 години, Евертон ќе се сели од еден од легендарните стадиони во Англија – „Гудисон парк“.

Премиерлигашот од Ливерпул го објави дизајнот на својот нов стадион со 52.000 седишта, што ќе чини 500 милиони фунти и треба да биде завршен до 2023 година.

„Овој проект ќе биде пресвртница. Луѓето од Ливерпул сфаќаат дека ова не е само ново фудбалско игралиште, туку значи и обнова, нови работни места и социјална вредност“, изјави извршната директорка на Евертон, Дениз Барет-Баксендејл.

Новиот стадион ќе се наоѓа во историското градско пристаниште покрај реката Мерси, кое е под заштита на УНЕСКО.

Евертон е домаќин на „Гудисон парк“ од 1892 година и тоа е стадион на кој што се одиграни најмногу натпревари од највисок првенствен ранг во Англија. Планирано е овој простор да се пренамени во домови, медицински центар и забавна зона за млади.