ФРАНЦИЈА ЌЕ РАСПИШЕ МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА НОВА КУЛА НА НОТР ДАМ

Париз, (Би-Би-Си)

Франција ќе ги покани архитектите од цел свет да пратат нивни дизајни за нова кула на врвот на катедралата Нотр Дам во Париз.

Премиерот Едуар Филип изјави дека се надеваат дека ќе добијат „нова кула која ќе биде прилагодена на технологијата и предизвиците на новата ера“.

Една од кулите на катедралата стара 850 години беше целосно уништена во пожарот во понеделникот. Властите рекоа дека катедралата само неколку минути ја делеле од целосно уништување.

Претседателот Емануел Макрон вети дека Нотр Дам ќе биде „уште поубава“ откако ќе се обнови во рок од пет години, иако експертите предупредуваат дека тоа може да трае со децении.