ГЕРМАНИЈА И ДАНСКА СЕ ПОВРЗУВААТ СО ПОДВОДЕН ТУНЕЛ ВРЕДЕН СЕДУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Хамбург, (Јуроњуз)

Германија ги почна градежните работи на подводниот тунел со кој ќе се поврзе со Данска. Проектот под Балтичкото Море е вреден седум милијарди евра и треба да биде довршен до 2029 година.

Тунелот „Фемарн“ ќе го скрати железничкото патување од Хамбург до Копенхаген на помалку од три часа. Данска веќе почна со изградбата, додека работите на германската страна стартуваа оваа недела кај селото Путгарден.

Данската фирма „Фемерн“ вели дека тоа ќе биде најдолгиот патен и железнички тунел на светот.

„Овој тунел е исклучително важен градежен проект и за Германија и за Данска, односно за цела Европа. Мило ми е што градежните работи сега се одвиваат на двете страни“, изјави данскиот министер за транспорт Бени Енгелбрехт.

Се очекува на автомобилите да им требаат десет, а на возовите седум минути за да го поминат 18 километри долгиот тунел.