КАТАР ГО ОВЕКОВЕЧИ СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО СО ЗГРАДА ВО ОБЛИК НА 2022

Доха, (Дезин)

Архитектот Ибрахим Џајда проектираше зграда во облик на годината 2022 во Доха, во чест на Светското фудбалско првенство, што ќе се одржи во Катар кон крајот на годината. Таа се наоѓа спроти стадионот „Калифа“, на кој ќе се играат мечеви од СП и е опишана како прва зграда на светот која личи на година.

„Проектот е уникатен зашто почна со едноставна идеја, да направам скица на 2022“, изјави Џајда.

Зградата се состои од четири блока и секој има камена фасада распоредена околу прозорците за да изгледа како број два или нула. Покрај фасадата, и кровот го има обликот на бројките, со што се добива импресивен поглед на зградата од воздух.

Во зградата се сместени канцелариите на повеќе спортски организации, како и спортски центар.