КАТАР ОТВОРИ НОВ СТАДИОН ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО 2022 ПРЕД 20.000 ГЛЕДАЧИ

Доха, (АФП)

Катар отвори уште еден стадион изграден за Светското фудбалско првенство во 2022 година.

Стадионот „Ахмад Бин Али“, што се наоѓа 24 километри западно од Доха, има капацитет од 40.000 гледачи и на фудбалскиот натпревар на отворањето беше полн до пола, при што сите присутни претходно биле тестирани за коронавирус или антитела.

Тоа беше еден од најголемите спортски собири од почетокот на пандемијата. Во Нов Зеланд се играше рагби натпревар пред повеќе од 20.000 гледачи, откако земјата првпат прогласи дека веќе нема случаи на коронавирус.

Ова е доказ дека сме способни да организираме големи настани. Помина долго време откако не сме биле меѓу олку многу луѓе“, кажаа организаторите.

На овој стадион ќе се играат седум мундијалски мечеви. Останува да се отворат уште четири стадиони.