КИНА ГО ОТВОРИ СВОЈОТ НАЈДОЛГ ПОДВОДЕН АВТОПАТ, ДОЛГ НАД 10 КИЛОМЕТРИ

Шангај, (Си-Ен-Ен)

По четири години изградба, Кина го пушти во сообраќај својот најдолг подводен автопат. Со должина од 10,79 километри, тунелот поминува под езерото Таиху во источната провинција Џијангсу, 50 километри источно од Шангај.

Според локалните власти, изградбата чинела над една и пол милијарди долари и биле искористени два милиона кубни метри бетон. Тунелот има шест ленти и е широк 17,45 метри. Таванот е опремен со разнобојни лед светилки, со цел да се спречи замор кај возачите.

Тунелот е дел од 44 километри долг автопат, што се отвори на 30 декември 2021.

Најдолгиот подводен автопат од 14,3 километри се наоѓа во Норвешка и ги поврзува градовите Ставангер и Странд.