КИНА ЈА ЗАВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА НАЈВИСОКИОТ МОСТ ВО СВЕТОТ, ОТВОРАЊЕТО Е ВО ЈУНИ

Кина, (Си-Ен-Ен)

Кина најави дека во јуни ќе го отвори највисокиот мост во светот, последниот инженерски потфат на земјата која многу вложува во својата инфраструктура.

Изградбата на мостот „Хуаџијанг“ во Гуиџу во југозападна Кина е при крај. Ќе поминува 625 метри над нивото на реката, со што ќе биде 288 метри повисок од сегашниот рекордер, вијадуктот „Мијо“ во Франција.

Мостот ќе поминува 625 метри над нивото на реката (Фото: Гети)

Провинцијата Гуиџу е планинска област со комплексен терен и мостот минува низ драматичниот Голем Кањон Хуаџијанг, наречен и Земјина пукнатина. Мостот не се прави само за да собори рекорд, туку и значително ќе го олесни патувањето во областа. Со новиот мост, времето на патувањето низ кањонот ќе се намали од два часа на само една минута.

Изградбата на челичниот мост, чија должина изнесува 2,9 километри, почна на 18 јануари 2022 и треба да заврши на 30 јуни оваа година.

(Фото: Гети)