Фасада со решетки и тропски растенија ги обвиткуваат ѕидовите на куќа во Сингапур, која архитектонското студио „Волфлауер дизајн“ ја направи заедно со тамошната ботаничка градина. Домот е дизајниран со многу зеленило и има темна дрвена ограда, а се наоѓа покрај ботаничката градина во Сингапур.
Дрвените решетки имаат за цел да го поттикнат растот на растенијата. Внатре во куќата има мермерен под со светол мебел, дрвени скали и лифт, а во дворот има базен.
На вториот спрат, куќата е поделена на два дела, со детски спални соби од една и главна спална и семејна соба од другата страна. Собите имаат широк поглед на околното зеленило.
Под подигнатиот покрив, терасите од двете страни на објектот се исполнети со растенија кои се движат по надворешните ѕидови и така ја спојуваат куќата со нејзината околина.