Светски познатото норвешко архитектонско студио „Снехета“ ќе ги дизајнира влезот и излезот на тунелот за бродови Стад во Норвешка. Тунелот ќе биде долг 1,7 километри и ќе почне да се гради во 2022.
Дизајниран за да го направи пловењето долж западниот брег на Норвешка безбедно, тунелот ќе поврзе залив и фјорд во западна Норвешка. На тој начин, товарните и патничките бродови ќе можат да ги избегнат опасните рути околу полуостровот Стад.

Се верува дека ќе биде прв тунел за големи бродови на светот.
„Ова е голем, сеопфатен и ни малку здодевен проект“, рече генералниот директор на Норвешката крајбрежна агенција, Еинар Вик Арсе.
Според Арсе, ако работите се одвиваат според план, тунелот би бил готов во 2025/26.