Облакодер вреден една милијарда долари моментално се гради во Дубаи и притоа ќе собори неколку рекорди, како за највисок базен и за највисок ресторан на светот. Тој исто така ќе содржи бујна дождовна шума, која ќе се наоѓа на височина од 447 метри.
Кулата наречена „Тајгер скај“, што ја гради „Тајгер пропертис“, ќе има 532 метри и 122 ката. Во зградата ќе има 849 станови по почетна цена од 680.000 долари, а во понуда ќе бидат и 18 ултралуксузни пентхаус апартмани со поглед на Бурџ Халифа, највисоката зграда на светот.
Се очекува кулата, која ќе има ресторан на височина од 439 метри, да биде готова до крајот на 2029 година.