Зграда во Пекинг, дизајнирана од покојната Заха Хадид, го содржи највисокиот атриум на светот, што се извиткува низ нејзиниот центар. Облакодерот „Лиза Сохо“ има 45 спратови и се наоѓа во деловната област Фенгтаи.
Атриумот се протега по целата височина на зградата и со своите 194,15 метри е највисок на светот, надминувајќи го оној во хотелот „Бурџ ал Араб“ во Дубаи.
„Како што се крева, празнината во ‘Лиза Сохо‘ се свиткува за 45 степени, со што се добива впечаток како двете страни од кулата да се движат заедно“, вели Патрик Шумахер, кој сега го води студиото на Заха Хадид, која го проектираше облакодерот пред да почине во 2016.
Динамичниот облик на атриумот овозможува во внатрешноста да влегува природна светлина, како и поглед кон градот од сите спратови.
Кулата има и 2.680 паркинг места за велосипеди, како и полначи за хибридни и електрични возила, со што луѓето се охрабруваат да користат одржливи превозни средства.