НОВ СТАКЛЕН МОСТ ВО ГРУЗИЈА НУДИ МОЖНОСТ ДА СЕ ВОЗИ ВЕЛОСИПЕД ПОВРЗАН СО ЗИПЛАЈН

Тбилиси, (Си-Ен-Ен)

Новата туристичка атракција на Грузија би можела да биде резервирана само за љубителите на возбуда.

Во центарот на 240 метри долгиот стаклен мост над кањонот Дашбаши во јужна Грузија се наоѓа огромен бар во облик на дијамант, а паралелно може да се вози велосипед поврзан со зиплајн.

„Неверојатно е и лудо во исто време. Силно е, нема да паднете“, изјави Гал Гварал, кој возел на височина од 280 метри.

Грузиско-израелската инвестициска група „Кас“ три години го градела мостот, кој чинел 37 милиони евра.