Ража од 300 килограми фатена во реката Меконг во Камбоџа е најголемата позната слатководна риба на светот, објавија научниците. Досегашниот, неофицијален рекорд го држеше сомот од 293 килограми, уловен во истата река во Тајланд во 2005 година.

Меконг располага со богат биодиверзитет, но прекумерниот риболов, браните и загадувањето се голема закана за неговиот кревок екосистем. Реката извира на Тибетската Висорамнина и поминува низ Кина, Мјанмар, Тајланд, Лаос, Камбоџа и Виетнам.

Во 20 години истражувања на големи риби во реките и езерата на шест континенти, ова е најголемата слатководна риба што досега сме ја сретнале или е документирана на светот“, изјави биологот Зеб Хоган, кој го предводи конзерваторскиоит проект „Чудата на Меконг“.

Ражата долга 3,98 и широка 2,2 метра била уловена од локален рибар на 13 јуни, кој веднаш ги известил истражувачите. Откако ѝ бил прикачен мал уред за следење, повторно била вратена во водата.