Во 2024 беше отворен вториот највисок облакодер во светот, повторно се отвори катедралата Нотр Дам и се најавија повеќе футуристички урбани мегапроекти. Сепак, светот на архитектурата сè повеќе ја препознава вредноста на поскромните градби.
Третиот по големина рибен пазар во светот станува уште поголем. Повеќе од осум години откако владата на Нов Јужен Велс го објави преместувањето на историскиот рибен пазар во Сиднеј, кој датира од 1870-тите, а на сегашното место е од 1966, блескавата нова зграда на четири ката се отвора на соседна локација од 3,6 хектари. Проектот ќе помогне и да се подмлади индустрискиот дел од пристаништето со продавници, ресторани, шеталиште и урбан парк, а на покривот се 350 триаголни соларни панели.
Меѓу највпечатливите објекти кои треба да се отворат годинава е комплексот „Урбан Глен“ во Хангжу, Кина (фото). Се состои од драматично скалести кули кои содржат речиси 900.000 квадратни метри канцелариски, хотелски и простор за одмор.
Големото проширување на Јужната станица во Бостон завршува оваа година, со што ќе се зголеми капацитетот на автобускиот и железничкиот терминал за 50 проценти. Ќе се подигне висок облакодер од 51 кат.
Универзитетот Оксфорд во Велика Британија се поврзува со готска архитектура, но постојано еволуира со современи објекти. Последниот од нив е новата зграда за општествени науки од 82.000 квадратни метри, најголемиот градежен проект во вековната историја на институцијата.
Камбоџа го заменува меѓународниот аеродром во главниот град Пном Пен со аеродром кој може да опслужува шестпати повеќе патници. Како дел од амбициозниот обид на земјата да го зголеми бројот на туристи и да стане регионален воздухопловен центар, капацитетот на новиот аеродром „Техо“ ќе се зголеми од 13 милиони патници годишно на 30 милиони. Терминалната зграда ќе биде една од најголемите во Југоисточна Азија.