Голема фонтана која исфрлува вистинско топено чоколадо е една од атракциите на Музејот на чоколадото, што швајцарската компанија „Линт“ го отвори во градот Килхберг. Целта на музејот е да го промовира производството на чоколадо во Швајцарија преку наука, истражување, едукација и јавно информирање.
Музејот се простира на речиси 1.500 квадратни метри и овозможува увид во производствениот процес и содржи изложба за историјата на чоколадото, соба за дегустирање, класови за правење чоколадо и најголема продавница на „Линт“ на светот.
„Централна атракција на Домот на чоколадото е десетметарската чоколадна фонтана, со која се оддава почит на светски познатите и популарни ‘линдор трафли‘“, вели Ернст Танер, претседателот на фондацијата на „Линт“.
Зградата на музејот е дизајнирана според првата фабрика на „Линт“, отворена во 1845 година.