По повеќегодишни дискусии за трошоците и одложувања, Њујорк конечно го отвори долгоочекуваниот остров-парк. Паркот е изграден на столбови во форма на лале на реката Хадсон на западниот брег на Менхетн.
Покрај цвеќиња, дрвја и тревници, паркот има и театарска сцена на отворено. Медиумскиот магнат Бери Дилер потроши околу 260 милиони долари за овој амбициозен проект наречен Мал остров.
Кога првично беше најавен, цената на проектот беше 35 милиони долари. Реагираа еко-активистите, по што трошоците почнаа да раснат и Дилер во 2017 се откажа од плановите. Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, го убеди да го доврши проектот.
По отворањето, „Њујорк тајмс“ го опиша островот како „шармер со убиствен поглед“.